(0 продукти) - ден 0,00

Немате продукти во вашата кошничка

 

 

Основната дејност на нашата компанија е поставување, продажба и сервис на вендинг автомати за кафе, снек автомати, автомати за свежо цеден портокал и диспанзери за вода.

 

Долгогодишното искуство нé прави водечка во вендинг секторот со развиена мрежа на територијата на целата држава.

 

Располагаме со високо обучен кадар во сите сектори на делување кој брои 30 вработени. Лоцирани сме во индустриска зона Визбегово и располагаме со 800м2 магацински простор и административен дел од 250м2.

 

Кафе Вендинг Група е увозник на автомати, резервни делови за автомати и продукти од најдобрите брендови: Necta-Zanussi, Rhea, Fas, ICS, Jacobs, AG Foods, Bianchi, а од 2011 година стануваме и официјален увозник на најдобриот бренд за кафе ILLY-MITACA.

 

Квалитетот е основно мото на нашата компанија и во иднина ќе се трудиме да не ги изневериме нашите потрошувачи, туку се стремиме кон задоволување на нивни потреби и желби.