(0 продукти) - ден 0,00

Немате продукти во вашата кошничка

 

Услуги за клиентите



Испорака на производи


Производите се испорачуваат во период од 24 часа за Скопје и 48 часа за градовите во Македонија. На денот на испораката, доколку на адресата нема кој да ја прими пратката, претставникот за испорака ќе остави писмена информација за направениот обид. Кафе Вендинг Група ДООЕЛ има склучено договор за соработка со Нова Пошта и има свое овластено лице за дистрибуција. Нарачаните производи ќе ви бидат доставени со испратница и фактура за извршеното плаќање доколку лицето и адресата за испорака се идентични. Доколку нарачаните производи се наменети за подарок со податоци за испорака (име, презиме и адреса) различни од оние на нарачателот, фактурата ќе биде доставена до нарачателот. Купените производи ќе бидат доставени до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Трошоците за испорака се додаваат на крајот од порачката. За порачките во висина над 2.500,00 денари не се наплаќа испорака.

Враќање на производи и средства


Производот, кој е неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената фактура и испратница и истиот може да го замените со нов. Во овој случај, Ве молимe да нé информирате за Вашето барање преку електронска пошта на нашата е-адреса: info@kafevending.com.mk. Доколку станува збор за оштететување при процес на производство, производот ќе ви биде заменет за нов. Доколку станува збор за оштетување при користење, производот не може да се замени.